| четврток, 6 декември 2018 |

Од Маврово до Дебар повторно по две ленти

На патниот правец Маврово – Дебар, кај Бошков мост, откако е направен бајпас, сообраќајот се одвива по две коловозни ленти и веќе нема наизменично пропуштање, информира АМСМ.

маврово - дебар

Сообраќајот ќе се одвива по привремената кратка траса додека траат санациите на оштетената коловозна лента, која стана жртва на надојдените води на Радика.

Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување на возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и приспособување на брзината според условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top