Едно истражување открило како треба да изгледате за да ви се зголемат шансите за вработување и реалноста е брутална и тажна.
За таа цел биле креирани две лица на една иста жена, со таа разлика што нејзината лева верзија е слаба, а десната е со заоблен лик.
Тогаш им било поставено прашањето на надредените – „Која од нив две попрво би ја вработиле?“
Да, веќе го знаете одговорот – послабата верзија.
На големо изненадување, истото не важи и за мажите.
Истражувачите на оваа тема велат: „Дојдовме до откритие дека жените со поголем БМИ индекс се гледани негативно и со предрасуди, за разлика од нивните колеги мажи, за кои тоа станува сè понормално.“
Извор: Црнобело
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.