„СЈО е за мене света институција и не би ги загрозил со тоа да бранам некого во нивни предмет или да влијаам на нивна одлука. Златев е дебил“, напиша советникот на Катица Јанева.
По заканата за тужба од Златев поради навреда, Тортевски ниско и дрско му се обрати на новинарот кој легитимно им постави прашања на оние кои се платени да ги одговорат.
Наместо одговори, Јанева очигледно нарачала навреди преку Тортевски, кој за овие свои услуги како што соопшти СЈО е награден со редовен месечен паушал, исто како и професорот Шкариќ.
Токму Тортевски и Шкариќ беа изненадени кога за прв пат новинарите дознаа дека и обајцата се на платниот список на СЈО, додека во јавноста глумат независни експерти кои ја бранат работата на обвинителството на Јанева.
Во таа прилика Тортевски дури и вети дека доколку имал добиено еден денар од СЈО износот кој ќе се откриел ќе го исплател стократно:
„Категорички изјавувам дека од СЈO немам добиено ниту еден денар, ниту сум бил во нивните простории, ниту знам каде се наоѓаат. Се што досега сум кажал за СЈО е резултат на моите лични убедувања и на мојата совест. Во однос на наводно досега добиените хонорари од СЈО доколку се утврди дека сум добил такви средства, јавно изјавувам дека износот кој ќе се открие стократно зголемен ќе го исплатам за помош на угнетувани новинари кои мора да пишуваат во списанија кои никој не ги купува“, изјави пред неколку месеци Тортевски.
Мистеријата ја реши законската обврска на СЈО, која произлегува од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, иако со големо задоцнување, СЈО мораше да одговори на прашањата на новинарите, па откри дека и Тортевски и Шкариќ, заедно со уште дузина други експерти, се на платниот список на обвинителството на Јанева.
Тортевски не го врати стократно парите што ги добива од СЈО, но затоа врати стократно кон Јанева, па така започна да се пресметува со новинари кои на специјалната обвинителка и се трн во око.
СЈО на Јанева плаќа над 1,3 милиони евра годишно „за договорни услуги“. Дел од овие пари освен што служат за правниците да глумат независни експерти кои се воодушевени од работата на Обвинителството, евидентно се користат и за тивка цензура и хајки кон новинари кои Јанева ги нарачува преку своите правни консултанти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.