| четврток, 6 декември 2018 |

Гакидова ќе ја продолжи кариерата во Норвешка

ivana-gakidova

Ракометната репрезентативка на Македонија, Ивана Гакидова, својата кариера ќе ја продолжи во Норвешка потпишувајќи договор со екипата на Молде. За услугите на Гакидова се интересираа неколку екипи од Европа, за на крајот таа да ја избере Норвешка како своја следна дестинација.

Станува збор за стандардна репрезентативка на Македонија која ги носеше дресовите и на Металург и на Вардар во домашното првенство, по што следеше и ангажман во странство, во чешкиот прволигаш Мост.

– Имав успешна сезона со Мост, но не сакав да застанам овде бидејќи реално нивото на лигата во Чешка беше многу ниско. Отпрвин не размислував премногу сериозно за Молде, но кога дојдов овде и го видов професионализмoт со кој се работи, без размислување потпишав договор – изјави Гакидова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top