| четврток, 6 декември 2018 |

Проблематична ќерка: Нов скандал на Малиа Обама

Младата Малиа Обама (18), постарата ќерка на американскиот претседател Барак Обама не престанува да предизвикува скандали и тоа пред заминувањето од Белата куќа во Вашингтон.

Таа повторно е снимена како конзумира марихуана. Фотогарфијата е направена на универзитетот Пенсилванија. Малиа моментално паузира една година од школувањето пред да тргне на Харвард.

Нејзините пријатели се загрижени поради нејзиното однесување и ја наговараат да се пријави на клиника за одвикнување пред да биде предоцна.

Претседателот Обама го загуби сиот авторитет над Малиа и таа не го слуша.

– Постојано ги доведува родителите во непријатни ситуации и го срамоти семејството – вели анонимен извор.

– Малиа не сака да го повреди семејството, но сметам дека татко и е дволичен бидејќи во нејзини години исто така ја поминувал оваа луда фаза, а сега се однесува како тоа никогаш да не се случило – изјави друг извор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top