Италијанскиот претседател Серџо Матарела ја потврди силната поддршка за земјите од Западен Балкан за членство во ЕУ, а посебно на Србија, Црна Гора и Албанија. Тој на крајот од средбата, на која учествуваа десет шефови на држави од ЕУ, „United for Europe“ во Софија, истакна дека „тоа е потребно“ за да се гарантира мирот и стабилноста во регионот.
– Треба да се испратат позитивни пораки дека патот за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е секогаш отворен, имајќи предвид дека „прогресивното проширување“ на Европа треба да продолжи кон сите држави, изјави Матарела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.