Сите, а особено пушачите, се запрашале како некои пушачи доживуваат длабока старост и имаат добро здравје и во поодминати години, а други умираат многу помлади. Одговорот на ова прашање, по се изгледа, лежи во гените.
Во светот годишно како последица од цигарите умираат околу 6 милони луѓе. Сепак, на здравјето на одреден процент пушачи цигарите немаат никакво влијание. Изучувајќи ги долгогодишните пушачи и нивното здравје и навики, научниците забележале дека повеќето од нив имаат случна варијација на одредени гени, кои ги нарекле „гени на долговечност“.
Оваа еволутивна мутација им овозможува да бидат отпорни на загадувањето и други негативни влијанија, а со самото тоа и штетните материи од цигарите.
Тие тоа го објаснуваат како еден вид на дополнителна заштита на нивниот организам.
– Откривме дека одредени генетски маркери со заеднички сили поттикнуваат долговечност. Тоа се истите гени кои биле пронајдени кај луѓето кои доживеале длабока старот, а функционираат така што им овозможуваат на келиите побрзо да се опорават од негативните био хемиски влијанија, иако се постојано изложени на истите, објаснила авторката на истражувањерто, докторката Морган Левин од Универзитететот УЦЛА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.