Двојните аршини на СЈО кулминираат. Граѓаните кои протестираа против уривање на црквата се ставени на тапет за предизвикана материјална штета од стотина евра, а вандалите од платеничката револуција кои палеа, демолираа, крадеа и предизвикаа материјална штета од милиони евра се заштитени.
Специјалното јавно обвинителство денеска поднесе до Основниот суд Скопје 1 два обвинителни предлога, од кои вториот се однесува за случајот со протестите пред Општина Центар кога група граѓани и МПЦ протестираа против стопирање на изградбата на црквата.
На 7 јуни 2013 година поголем број граѓани протестираа пред Општина Центар за да ја одбранат изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. Стануваше збор за протести на револтирани граѓани кои беа против стопирање на градбата на црквата, која Жерновски и СДСМ сакаа да ја сопрат.
Протестите се дозволена форма на изразување незадоволство во современите општества, на што и самите СДСМ и Сорос не забораваат да потсетат дури и кога спроведуваат насилни протести како повеќемесечните пролетта, кога платениците и хулиганите на СДСМ и Сорос со месеци го попречуваа нормалното функционирање на граѓаните на Македонија, ги сквернавеа спомениците на народните херои и спомен-обележјата од историјата на Македонија.
И додека штетата од протестите на незадоволните граѓани, организацијата „Веритас“ и на МПЦ беше три искршени прозорци на бараките на Општина Центар, штетата што ја направија неколкумесечните протести на платеничката револуција на СДСМ и Сорос се мери во милиони денари и голем број повредени службени лица и полицајци.
За СЈО, очигледно, поголемо кривично дело е тропањето по прозорците на Општина Центар, каде што граѓаните сосема легитимно излегоа на протест за да протестираат против стопирањето на изградбата на црквата, отколку каменување на македонските полицајци, демолирање државни институции, демолирање на Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, сквернавење на Собранието на Република Македонија, Порта Македонија и низа други објекти. Во ваквото вандалско однесување лично учествуваа Зоран Заев и Радмила Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.