Осум луѓе во САД се обвинети за организирање глобален напад, кој резултирал со кражба на 45 милиони долари од банкомати. Бандата, наводно, прво ги хакирала компјутерите на меѓународните корпорации и потоа поминала низ Менхетен и украла милиони долари на стотина банкомати за само неколку часови. Во првата фаза биле нападнати банкарските сметки за да се отстрани ограничувањето на подигање пари, а потоа слободно можеле да подигаат готовина на банкоматите.
– „Луѓето од заднина“ платиле големи суми за да упаднат во банкарскиот софтвер, да набават ПИН за сметките на кредитните картички и другите работи – рекол поранешниот заменик-директор на ФБИ, Џон Милер и додал дека понатму акцијата течела така што од банкоматите биле подигнато огромни суми пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.