Совет за оваа есен: Заборавете ги класичните и здодевни модели на џинс и уживајте во сосема поинаквите и смели фармерки!
Ѕвонарки
Тие беа вистински фаворит ова лето и ќе бидат актуелни и оваа сезона. Со додатоци како што се предни џебови, избледени делови и копчиња, ѕвонарките, кои може да ги носиме есенва, не потсетуваат на добро познатата силуета од седумдесеттите години на минатиот век.
Фармерки во две бои
Фармерките не мора да бидат здодевни. Тоа го покажуваат и моделите што се направени од различна боја на тексас и кои меѓусебно се прелеваат во различни облици и димензии. Ако сакате да ја збогатите својата гардероба, тогаш ова шик парче фармерки е за вас.
Широки фамерки до средината на листот на ногата
Со висока половина и со силуета што ја следи линијата на телото до бедрата, а потоа почнува да се шири во голем ѕвон, овие фармерки, можеби, изгледаат малку ризично. Но, благодарение на скусената должина на ногавицата, која е до средината на листот, овие фармерки ќе ви ја дадат потребната нота на сексапил и елеганција.
Фармерки со крпеници
Оригинални и забавни. Фармерките што се состојат од крпеници во различни облици даваат доза на лежерност. Со овој модел на фармерки одберете миминалистички додатоци како брош или алки, за да можат да се истакнат во прв план.
Фармерки со непорабен раб
На прв поглед овие фармерки изгледаат како класични фармерки, но ако погледнете подобро ќе забележите дека рабовите не се порабени, туку конците се оставени да висат.
Фармерки со извезени цветови
Фармерки со вез не се ништо необично и досега имало такви модели. Но, секоја сезона носи некоја поинаква верзија на постојниот тренд. Многу женствени, украсени со рози и со силни бои, овој модел на фармерки е многу ефектен.
Ѕвонарки до средина на листот
Ако класичните ѕвонарки не се за вас, изберете сигурна варијанта и пробајте нов облик на ѕвонарки, чијашто должина е до средина на листот. Овие фармерки имаат длабока половина.
Тесни фармерки
Ако мислите дека имате доволно тесни фармерки, размислите уште еднаш. Оваа сезона носи нови модели, кои во комбинација со украсни детали ги прават поефектни и поинакви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.