| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Србија: Непозната бактерија убила осум пациенти во болница!

bolnica

Опасната бактерија clostridium difficile, која е отпорна на антибиотици, уби осум пациенти во болницата во Ужице – пишува хрватскиот портал „Данас“. Тие биле примени за ортопедски зафати кои не биле комплицирани. „Персонлајн“ пишува дека добиле исти симптоми – пред сѐ силен пролив, а во тек е истрага.

Правиме истражувања и без конкретни резултати не можам ништо да кажам, се надевам наскоро ќе имам детали – изјави директорката на Заводот за јавно здравје, Билјана Мијовиќ.

„Блиц“ јавува дека е прогласена епидемија во болницата – од 24 април до денеска починале 4 лица, а кај двајца е утврдено присуство на бактеријата.

Според „Наше новине“, на хируршкото одделение е наредена итна промена на душеците на креветите, што значи дека има сомнеж дека бактерјата се шири оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top