| четврток, 6 декември 2018 |

Tрка на милијардери – кој прв ќе нѐ однесе во вселената?

Џеф Безос, третиот најбогат човек во светот, којшто инаку традиционално не ги открива предвреме новитетите на својата компанија „Блу Oриџин“, реши да отстапи од тој принцип и да и ја претстави на публиката новата гигантска ракета за туристички излети во вселената.

Ракетата ќе биде именувана „Њу Глен“, по астронаутот Џон Глен и ќе има доволно моќ и капацитет да превезува луѓе во орбитата на Земјата. Ќе работи со помош на седум основни мотори и ќе биде висока повеќе од 94,5 метри. Ако проектот се реализира до крајот на десетлетиево, како што е зацртано, „Блу Oриџин“ може да застане рамо до рамо со „Спејс-Икс“ корпорацијата, основана од друг милијардер – Eлон Мaск.

Богатството на Безос се проценува на 65,3 милијарди долари. Списанието „Форбс“ пред извесно време го смести основачoт на „Амазон“ на третото место на листата најбогати луѓе во светот, веднаш зад Бил Гејтс (78 милијарди) и Амансио Ортега (73,1 милијарди).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top