| четврток, 6 декември 2018 |

Француска политичарка обвинета дека и дала „непатриотско“ име на ќерката

Поранешната француска министерка за правда Рашида Дати е обвинета од новинар на францускиот телевизиски канал ЛЦИ дека на својата ќерка и дала „непатриотско име“.

Ќерката на политичарката се вика Зохра (7), по името на покојната мајка на некогашната министерка.

Дати, која е со од арапско потекло и беше министер за правда во времето кога претседател на Франција беше Никола Саркози, ги отфрли ваквите обвинувања, а тврдењата на новинарот ги оквалификува како „патолошки“.

Новинарот, кој е близок до француската екстремна десница и не крие дека „има разбирање“ за некои од ставовите на лидерката на десничарскиот Национален фронт, Марин ле Пен, смета дека името на ќерката на Дати „не е патриотско“, затоа што не е на официјаланата листа со француски имиња.

Новинарот Ерик Земур изјави дека в лице ќе и каже на Дати каде и зошто погрешила.

Тој бара од Владата да го врати во сила стариот закон со кој се определува какви може да бидат имињата на децата родени во Франција.

Во интервју за телевизијата БФМТВ, Дати изјави дека не гледа ништо непатриотско во името на својата ќерка.

– Дали е скандалозно да му дадеш име на детето по мајката на родителот. Ја сакав мајка ми, па затоа и ја нареков ќерка ми по неа, како што тоа секој ден го прават милиони Французи, рече Дати.

Законот чие враќање го бара новинарот Земур е укинат во 1993 година, цели 200 години по неговото донесување по налог на Наполеон Бонапарта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top