| четврток, 6 декември 2018 |

Овој татко има цел фудбалски тим, ама тој сака ќерка

Една бразилска двојка веќе 20 години се обидува да добие ќерка и не се откажува од идејата, иако во меѓувреме мајката родила 13 деца и сите се машки! Мајката и таткото Јусиклеиде Силва и Иринеу Круз се договориле дека таткото ќе ги дава имињата на момчињата, а мајката на девојчињата. До сега вљубеникот во фудбал, Иринеу ги крстил сите 13 сина по познатите фудбалери и сите имиња почнуваат на Р.

– Ми се чини дека сите добри фудбалери имаат име на буквата Р – вели таткото.

Последното родено дете се вика Роналдо, по поранешната бразилска фудбалска ѕвезда.

Малиот Роналдо им се придружи на Робсон (18), Реинану (17), Рауану (15), Рубенс (14), Ривалдо (13), Руану (12), Рамон (10), Ринкон (9), Рикелме (7), Рамирес (5), Раилсон (3) и Рафаел (2).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top