Резултатите од едно истражување покажуваат дека секоја втора жена попрво би избрала одлична вечера во ресторан отколку секс. Истражувањето е направено на 12.000 испитаници ширум светот. Половина од испитаниците на двата пола изјавиле дека уживањето во храна може да биде подеднакво пријатно како во сексот, а 42 проценти од жените попрво би избрале оброк во ресторан отколку секс.
Дека и мажите понекогаш сакаат добар оброк отколку секс, покажуваат и податоците дека секој четврти предност и дава на храната отколку на водење на љубов.
Резултатите не ги изненадило сексолозите кои забележуваат дека живееме во време кога за сексот многу се зборува, а малку се практикува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.