Жителите на Кипар велат дека на небото виделе зелено-бела светлина, а потоа слушнале силна, далечна експлозија која го затресла тлото.
Официјалните лица во Кипар се преплавени со пријави на граѓаните дека небото среде ноќ се осветлило и дека потоа се слушнала силна експлозија. Луѓето пријавиле во полиција дека е виден чуден блескав предмет над планинскиот венец Тродос ноќта помеѓу четврток и петокот.
Јорданис Димитријадис, портпаролот на кипарската Геолошка служба, изјави дека не е најден доказ дека предмет од вселената таа ноќ паднал на Земјата.
– Ако извештаите за метеор над Тродос се точни, веројатно тоа бил мал камен и експлодирал високо на небото, а парчињата се распрскале. Сепак, полицајци се испратени во потрага по остатоци од метеор, рече Димитријадис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.