| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер најави формирање штаб на европски одбранбени сили

junker

­ Претседателот на Европската комисија, Жан-­Клод Јункер, денеска предложи формирање „штаб на европски одбранбени сили“. Во говорот пред европратениците, Јункер истакна дека „поголема одбрана на Европа, не значи и помала трансатланска солидарност“. ­

– Европската одбрана би ги стимулирала воените истражувања и развојот на овој сектор, смета претседателот на Европската комисија.

– Во основа, ЕУ значи мир, па не е воопшто случајно што најдолгиот период мир во Европа, се поклопува со создавањето на Европската економска заедница (ЕЕЗ), претходница на денешната ЕУ, рече Јункер.

Првите идеи за европски одбранбени сили се појавија уште пред крајот на минатиот век, но наидоа на критики од САД и посебно од Велика Британија. Новата најава за формирање европски вооружени сили, доаѓа откако Велика Британија реши да замине од Унијата.

Сите досегашни британски влада сметаат дека нема потреба од создавње вакви сили, затоа што тие би предизвикале судир на интереси со НАТО, каде членуваат речиси сите земји од ЕУ.

Британските медиуми најавите на Јункер ги поврзуваат со Брегзитот, инсистирајќи дека без приговорот на Лондон, поборниците на оваа идеја полесно би можеле да истуркаат формирање на европска војска.

Таквиот план би можел да се забрза доколку на изборите во САД победи републиканецот Доналд Трамп, кој засега заговара своевиден изолационизам на САД, кога станува збор за воено политичките сојузи, вклучувајќи го и НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top