| четврток, 6 декември 2018 |

Арапите господарат со светот, Американците паднаа од тронот

Саудиска Арабија им го презеде тронот на САД како најголем светски производител на нафра, соопшти Блумберг врз основ ана податоците изнесени од Меѓународната агенција за енергија.

„Зголеменото производство на нафта ѝ овозможи на Саудиска Арабија да ги надмине САД и да стане најголемиот производител на нафта во светот“, стои во месечниот извештај на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ) со седиште во Париз.

Додека Саудиска Арабија од мај го зголеми производството со дополнителни 400.000 барели дневно од евтините нафтени полиња, згаснати се околу 460.000 барели дневно висококвалитетно производство во САД.

САД беа најголемиот светски производител на сурови и други јаглеводороди од април 2014 г. по скокот на нафтата од шкрилци.

Според МАЕ, дневното производство на САД изнесувало 12,2 милиони барели дневно, вклучувајќи го течниот птироден гас. Падот на САД се случил во моментот кога на 20 мај бројот на бушотини  за вадење гас и нафта наднал на рекордно ниски 404, според податоците на Бејкер Хјуџ инц. Тој број на 9 септември се зголеми на 508.

Саудиското производство на сирови енергенси, пак е зголемено на 10,65 милиони барели дневно во јули пред да се намали на 10,6 милиони во август.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top