Познатиот американски научник-патолог Бенет Омалу изјавил дека Хилари клинтон била затруена, а дека за тоа се виновни Путин или Трамп, пишува весникот „Метро“, а пренесува „Спутник“.
На својот Твитер патологот го советува предизборниот штаб на Клинтон да направи анализа на крвата на кандидатката за американски претседател дали содржи отрови, зашто е многу веројатно да е затруена. Тој додава дека се сомнева во Путин и во Трамп, бидејќи тое се „способни на сè“, пренесува Спутник.
I must advice the Clinton campaign to perform toxicologic analysis of Ms. Clinton’s blood. It is possible she is being poisoned.
— Bennet Omalu (@bennetomalu9168) September 12, 2016
Корисниците на социјалните мрежи реагираа на овие изјави со сарказам и возбуда.
I do not trust Mr. Putin and Mr. Trump. With those two all things are possible.
— Bennet Omalu (@bennetomalu9168) September 12, 2016
„Колку ви платиле за да ги објавите овие глупости“, прашува еден.
„Штом е на интернет, мора да е вистина“, забележува друг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.