| четврток, 6 декември 2018 |

Светозар Маровиќ осуден на 46 месеци затвор поради корупција

svetozar-marovik

­ Претседателот на поранешната сојузна држава Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ, кој е обвинет за корупција и за злоупотреба на власта постигна нов договор со Обвинителството во Подгорица, со што доби вкупна казна затвор од 46 месеци, објавија денеска црногорските медиуми.

Тој вчера призна дека ја злоупотребил службената положба при изградба на два објекти и при продажба на земјиште. Маровиќ, кој е поранешен функционер на владејачката Демократска партија на социјалистите на 5. септември беше осуден на 22 месеци затвор поради корупција при изградба на објекти на црногорскиот брег на Јадранско Море.

Тој треба да врати 1,1 милиони евра незаконски заработени и да плати казна во висна од 50.000 евра. За новите злоуппотреби што Маровиќ ги призна пред Обвинителството, осуден е на 24 месеци затвор и треба да уплати 50.000 евра за хуманитарни цели. Со претходната пресуда Маровиќ ќе биде во затвор вкупно три години и 10 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top