Продолжува проектот за бесплатен туристички викенд за пензионери. Активностите во рамките на овој проект ќе се реализираат до крајот на оваа година и во текот на 2017 година. Досега оваа можност ја искористиле 1.800 пензионери.
– Во план е да се реализираат уште 1.200 викенди и бројката да се заокружи на 3.000 пензионери, кои ќе ја искористат можноста за бесплатен туристички викенд – информираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски потсетувајќи дека овој проект почна да се спроведува додека тој беше претседател на Владата.
Се работи, како што рече, за бесплатно патување за еден викенд.
– Од страна на државата платено е патувањето, храната и сместувањето, така што е ретка можност за многу пензионери, кои не можат да си го дозволат тоа со својот буџет – рече Груевски, кој денеска присуствуваше на промоцијата на 13 нови наслови од проектот „Превод на стручни научни книги и учебници“ од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.
Ово проект, како што потсети, беше ветување на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година.
Според него, голем е интересот на пензионерите за искористување на можноста за бесплатно туристичко патување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии