Во Велика Британија денеска ќе биде пуштена во оптек првата пластична банкнота. Се предвидува новите банкноти од 5 фунти да излезат во 440 милиони примероци, соопшти централната Банка на Англија.
Банкнотата ќе биде со ликот на британскиот лидер од Втората светска војна, Винстон Черчил. Официјално таа беше претставена на 2 јуни.
Централната банка уште во 2013 година најави дека Черчил ќе се печати на следниот апоен од 5 фунти, кој, пак, треба да биде од пластика.
Полимерските пари ќе бидат посигурни и потешки за фалсификување отколку книжните, додаваат од Централната банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.