Жител на струмичкото село Требичино вчера бил пронајден мртов, речиси еден месец откако бил пријавен за исчезнат. Тим за пребарување од СВР Струмица и членови на ловни друштва „Фазан“ и „Беласица“, го пронашле телото на седумдесет и тригодишниот струмичанец во 7:45 часот на местото Требичински лозја.
Струмичанецот бил пријавен за исчезнат на 15 август. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица, Јавен обвинител и лекар од Јавна здравствена установа Струмица, при што е констатирано дека на телото на починатиот нема видливи траги на насилство. Телото на починатиот е предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.