Ќустендилци масовно одат на пазарење во Македонија за да се снабдат со продукти за подготовка на зимница и евтино гориво. Тоа го потврдуваат и вработените во пунктот за контрола на протокот на сообраќај кон границата, објавува бугарски Монитор.
Во Крива Паланка тие најмногу купуваат евтин шеќер, кој се продава за 1,3 лева по килограм, а во Ќустендил чини од 1,6 до 1,7 лева.
– Сосема е нормално што одиме во Македонија. Патот е околу еден час, а шеќерот е многу квалитетен и евтин. Го користиме за подготовка на компоти, слатко,.., а ни треба и за вино. Купуваме по неколку килограми и немаме проблем на границата, вели 45-годишна жителка на Ќустендил и додава дека нејзиниот сопруг го полни и резервоарот на автомобилот со нафта.
Нафтата, посочува, таму чини 1,57 лева, а во Бугарија е 1,99 лева што е голема разлика во цената.
Ќустендилци во Крива Паланка купуваат и пиперки, сирење и месни производи.
– Колбасите таму немаат ништо заедничко со нашите. Многу се повкусни и се направени од вистинско месо. Одиме двапати месечно за да се снабдиме со најнеопходните продукти за трпезата – вели 42 -годишниот Јордан од Ќустендил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.