| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгелиски доктор спасил германски планинари

gorge petkov

Ѓорѓе Петков, лекар во Општата болница во Гевгелија, пред четири дена се искачил на врвот на Хималаи – Ајсланд Пич, висок над 7.000 метри, пишува Утрински весник.

Но, со освојувањето на еден од највисоките врвови на светот, Петков направил уште поголем подвиг. Имено, при искачувањето од непалската страна на масивот, петчлена германска експедиција била заглавена на температура од минус 35 Целзиусови степени и силен ветер. Гевгелискиот доктор им помогнал на Германците да не останат завеани на екстремно ниските температури и иако тоа го забавило неговото искачување кон врвот, тој сепак успеал во намерата.

Д-р Ѓорѓе Петков веќе е на пат кон Македонија и по неколкуте денови поминати на пониските делови на планината тој преку Дубаи треба да пристигне во Гевгелија. Инаку, досега Петков ги има освоено скоро сите повисоки врвови во Европа, Африка и Јужна Америка, а искачувањето на еден од највисоките врвови на Хималаи е подготовка за освојување на покривот на светот – Монт Еверест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top