| четврток, 6 декември 2018 |

Снимен моментот кога ѝ се слоши – Клинтон на кратко ја прекинува претседателската кампања

csfi-fxwaaakyw6

Хилари Клинтон ја напушти вчерашната церемонија на оддавање почит на жртвите на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година во Њујорк, затоа што не се чувствувала добро.

Како што пренесуваат американските медиуми, на кандидатката на Демократите за претседателските избори во САД, ѝ било лошо поради силното сонце, па по еден и пол час нејзиното обезбедување ја испратило до автомобилот, по што Хилари се упатила во станот на својата ќерка за дазаздрави.

Hillary Clinton 9/11 NYC pic.twitter.com/q9YnsjTxss

Во соопштението на нејзиниот доктор Лиза Бардак, се наведува дека таа на комеморацијата дошла дехидрирана и со зголемена телесна темепература. Изборниот штаб на Клинтон соопшти дека таа го откажува за денеска планираното патување за Калифорнија.

Поддржувачите на нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат Доналд Трамп се обидуваат да направат случај дека Клинтон не е физички подготвена да биде шеф на Белата куќа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top