Демократската кандидата на американските претседателски избори Хилари Клинтон си заминала порано отколку што било предвидено од одбележувањето на атентатите од 11-ти септември во Њујорк, бидејќи ѝ се слошило, соопштија од нејзината кампања.
– Во текот на свеченоста, ѝ стана многу жешко и замина во њујоршкиот стан на својата ќерка Челзи, од каде што јави дека ѝ е подобро – пишува во соопштението.
Клинтон од одбележувањето заминала во станот на својата ќерка на Челси на Менхетен, а по некои време излегла надвор и на новинарите им рекла дека се „чувствува одлично“, и се упатила кон својот дом во Чапаква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.