| четврток, 6 декември 2018 |

Целосно мобилизирани екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување

Градскиот штаб за заштита и спасување беше активиран уште од првиот земјотрес, додека вечерва истиот е целосно мобилизиран (сите јавни претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје) и ќе се следи состојбата на терен.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски вечерва одржа состанок со градоначалниците на општините на Град Скопје, нивни претставници, директорите на јавните претпријатија на Град Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје околу земјотресите кои го погодија Скопје.

Градоначалникот Трајановски на присутните им ги пренесе заклучоците и задолженијата донесени на денешната седница на Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Управувачкиот комитет за справување со кризи ги задолжи општинските кризни штабови да формираат екипи кои, заедно со стручните лица од ИЗИИС, ќе извршат увид во состојбите на терен во нивните општини, посебно на патната инфраструктура, водовод и канализација, инфраструктура поврзана со преносот на топлинска и електрична енергија, станбените згради и останатите објекти за домување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top