Околу 15.000 луѓе излегоа вчера на антивладин протест во Грција поради планот на левичарската влада за воведување на нови дополнителни мерки за штедење.
Демонстрантите поминаа низ центарот на Солун, носејќи црни знамиња и слогани против актуелната влада на премиерот Алексис Ципрас, пренесува Танјуг. Грција изминатите осум години се соочува со рецесија и моментално минува низ трет круг на мерки за штедење поврзани со пакетот меѓународна помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.