Сириската Влада го одобри договорот и прекинот на непријателствата ќе почне во Алепо поради хуманитарни причини, објави сириската државна агенција САНА, повикувајќи се на информирани извори.
Договорот меѓу Москва и Вашингтон повикува на прекин на борбите во Сирија и зголемување на хуманитарната помош за градот Алепо, каде се водат најголеми борби.
Претходно опозицискиот сириски Висок комитет за преговори соопшти дека ќе ја поддржи спогодбата за прекин на огнот, постигната меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери, доколку и владините сили на претседателот Башар ал Асад го почитуваат прекинот на огнот.
Примирјето во Сирија треба да стапи во сила в понеделник, првиот ден од муслиманскиот празник Курбан бајрам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!