| четврток, 6 декември 2018 |

Првите луѓе на меѓународните организации за безбедност во сообраќајот доаѓаат во Скопје

Претседателот на Меѓународната организација за безбедност на патиштата Банацер Булежу и извршниот директор на Европскиот совет забезбедност во сообраќајот, Антонио Авеносо ќе бидат дел од учесниците на Првата меѓународна конференција за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, во организација на РСБСП, а  на тема: „Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоисточна Европа – предизвици и насоки за дејствување“, која ќе се одржи од 29 септември 2016 година до 1 октомври 2016 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

2on

Во обраќање пред Советот на Европа извршниот директор на Европскиот совет забезбедност во сообраќајот Антонио Авеносо изрази  големо жалење и огорченост за нискиот приоритет кој ѝ се дава на безбедноста на патиштата, па дури и од страна на оние кои се најодговорни за неа. Смртноста на патиштата ја спореди со смртноста од ебола – за заразната болест постои начин, а и времето е сојузник за нејзино лекување, а на патиштата човечкиот живот се губи за миг и нема можност за поправен испит.

– Само со заедничка работа ќе можеме да го намалиме големиот број на сообраќајни незгоди и смртноста на патиштата, наласи тој.

1on

Истиот став го дели и Булежу дека состојбата на патиштата е на незавидно ниво и дека има уште многу да се работи на полето на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а уште повеќе има да се направи во борбата против двете најголеми зла на патиштата, брзината и алкохолот.

Безбедноста на сообраќајот на патиштата е актуелна тема во светски рамки,  а пренесувањето на знаењато и искуствата од  претставниците на меѓународните организации за безбедност на сообраќајот на патиштата, заклучоците од истражувањата и од научните трудови на големиот број универзитетски професори од земјите во регионот и воопшто на сите учесници на конференцијата е од огромно значење за подигање на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Југоисточна Европа на  едно повисоко ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top