Српскиот возач Драган Степановиќ (46) доби две години затвор, а струмичанецот Ѓорѓи Витанов (60) доби една година затвор за сообраќајната несреќа кај Удово што се случи на почетокот на август, а во која загина брачната двојка Билјана и Небојша Пајкиќ од Скопје, а нивниот син беше тешко повреден.
Според обвинението, Степановиќ, кој управувал автомобил „ауди“, престигнувал на полна линија и преминал на спротвната коловозната лента и налетал на автобусот. Во обидот да го избегне Витанов преминал на левата коловозна летна и удрил во „фијат сеиченто“. И двајцата возеле со брзина поголема од дозволената. Од ударот на самото место починаа сопружниците Билјана и Небојша Пајкиќ, а нивниот седумгодишен син и сопругата на Степановиќ се здобиле со тешки повреди.
– Сообраќајката е предизвикана од првообвинетиот Степановиќ, кој преминал преку полна линија на левата коловозна лента, попречувајќи го движењето на автобусот. Не реагирал со сопирање или да се врати на неговата страна, иако возачот на автобусот и на „фијат сечиентото“ му овозможиле такво нешто – рече во завршниот збор обвинителката Мирјана Делева.
Витанов доби помала казна оти тој го призна делото за кое го обвинуваше Обвинителството. Наспроти него, Степановиќ тврдеше дека автобусот преминал на неговата возна лента, а тој со „аудито“ преминал на лево за да избегне судир.
Патниците од автобусот, пак, сведочеа дека Витанов со неговата присебност ги спасил. И двете лица од автобусот имаа идентична изјава, дека пред нив бил чист пат, и дека од колоната излетал бел автомобил кој возел право во нив, а возачот се обидел да го избегне, при што преминал на левата коловозна лента и удрил во скопското „сеиченто“ во кое биле сопружниците.
– Јас немам можност за избор, или да удрам во карпите десно со полн автобус или да бидам ладнокрвен убиец и да продолжам право и не преземам никакви дејства – рече Витанов во неговиот завршен збор.
Сообраќајката се случи на 3 август во 7 часот на делницата од Демир Капија – Удово. Степановиќ и семејството оделе на одмор за Грција, а Витанов превезувал патници со автобус на линијата Струмица – Битола. И двајцата возачи во Основниот суд во Гевгелија беа прогласени за виновни за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот кое го сториле од небрежност.
Степановиќ останува во притвор до правосилноста на пресудата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст