Сега е време кога се претставуваат најновите модели, така што дизајнерите веќе ни jа прикажаа новата верзија на класични балетанки што ќе се носат есенва.
Иако балетанките ја задржаа препознатливата силуета и многу личат на култните балетанки на Одри Хепберн, тие оваа сезона доаѓаат во редизајниран облик, односно освежени се со интересни детали.
Едноставната, но многу ефектна лента, која се врзува околу глуждот, најчесто направена од свила, многу потсетува на класичните балетанки што ги носат балерините на сцена.
Овој модел на балетанки не само што е поудобен, бидејќи е познато колку обичните балетанки може да се „лизнат“ од ногата, туку дава и многу интересен и автентичен изглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.