Пентагон и Кремљ меѓусебно се обвинуваат за провокации со надлетување на воени млазни авиони над небото на Крим при што за влакно се избегнати големи инциденти. Најпрво четири американски разузнавачки авиони опасно се приближиле на територија на Крим, а Пентагон обвинува дека руските сили извршиле непрофесионален маневар на само неколку метри од нивниот авион.
Од друга страна, пак руското министерство за одбрана протестира бидејќи до црноморските граници на Русија се приближиле разузнавачки авиони на САД, соопштува „Интерфакс“ повикувајќи се на странски извори кои го следат движењето на воената авијација.
Подоцна од Министерството за одбрана соопштија дека американски воени авиони се обиделе да се приближат до руската граница со исклучени транспондери. За нивно пресретнување полетале дежурните ловци Су-27 од авиобазата Бељбек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.