| четврток, 6 декември 2018 |

Се уништи по смртта на Драган: Славната југословенска актерка заврши во инвалидска количка (Фото)

milena

Српските медиуми на големо пишуваат дека актерката Милена Дравиќ, сопруга на починатиот актер Драган Николиќ, си го запустила здравјето по неговата смрт која многу тешко ја погоди.

Таа сега била и снимена во инвалидска количка на аеродромот во Париз, со жена која и помагала. Според пишувањата, таа последниве неколку години била премногу загрижена за својот сопруг и повеќе се грижела за неготово, отколку за своето здравје.

– Милена во последно време има проблеми со колковите и одењето. Иако може да се мрда и да се движи, таа тоа го прави со потешкотии и затоа лекарите ја советуваа што помалку да се потпира на нозете. Таа на аеродромот стана за да се префрли од едно седиште на друго, а во тоа и помогнаа луѓето кои беа во нејзино присуство, открил извор близок до актерката за Ало.рс.

images

images2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top