| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалерозната куќа во Србија – На Драган му влетале дома со автомобил преку 50 пати

 

kuka

Куќата на 79-годишниот Драган Омерковиќ од Алексинац, Србија, која се наоѓа на многу лоша кривина, вели дека е како проколната. Во неговиот двор автомобили му влетале повеќе од 50 пати. Последната сообраќајна несреќа се случила во јуни годинава.

– Кога ќе застанам во дворот имам страв и чудно чувство. Се плашам некој да не налета на мене или на некој член на моето семејство. Вака не може да се живее. Тука сум веќе 50 години, во близина има и училиште и деца. Навистина е баксузна оваа куќа, вели Драган, за српскиот Ало.

Надлежните ветиле дека ќе му помогнат, но од помошта ништо.

– Кога возачите ќе загубат контрола, удираат во тротоарот, па влетуваат во мојата куќа, вели Драган. Србинот се уште моли некој од надлежните да му помогне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top