Припадници на криминална банда собориле полициски хеликопер во една вооружена пресметка со полицијата на западот на Мексико, во која ранети биле четворица полицајци и засега непознат број припадници на криминалната група, соопштиле денес локалните власти.
Полициската операција била спроведена во градот Апатсинган чија цел било апсење на лидерот на криминалната организација, објавил на Твитер гувернерот на облста, пренесе Ројтерс. По големата акција, дел од криминалците се рабегале и на градските улици каде имало вооружена пресметка.
Во падот на хеликоптерот загинале пилотот и тројца полицајци, а уште еден полицаец бил поврден.
Криминалната банда која била мета на полицијата операција, “Халиско-Нова Генерација” и минатата година во пресметките со безбедносните сили собориле хеликоптер со ракетен фрлач, а тогаш загинаа 6 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.