Едно лице загина вчеравечер околу 20.50 часот во тешка сообраќајка на регионалниот пат Демир Хисар-Кичево, на крстосницата кај с.Големо Илино.
До несреќата дошло кога К.А. (57) од Кичево, управувајќи товарно моторно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во Ц. М. (58) од Кичево, кој стоел до паркирано комбе „фиат дукато“ со охридски регистарски ознаки.
К.А. се враќал наназад со своето возило, со намера да му помогне на Ц.М. при влечење на неговото комбе, при што во еден момент го притиснал помеѓу двете возила.
Од здобиените повреди Ц.М. починал на местото на настанот. Смрт е констатирана од страна на лекар.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, при што возилата се обезбедени за вештачење.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.