| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка на автопатот Градско- Велес

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила попладнево на автопатот Градско –Велес, кај археолошкиот локалитет Стоби.

Според СВР Велес несреќата се случила  во 14:40 часот кога патнички автомобил  излетал  од коловозот, во која  едно  лице е  повредено. Тој со возило на  Итната помош е превезен  во   велешката  Болница. Од Општата болница Велес информираат дека тешко повредениот пациент е донесен со повреди  на глава, граден кош и лева рака. Реанимиран е и веднаш  препратен во  Ургентен во  Скопје.

На местото на настанот увид беше извршен од екипа на Јавен обвинител и Полициска станица Кавадарци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top