Невремето кое го погоди местот Африц во Корушка, предизвика огромни одрони, а состојбата е алармантна. Фотографиите се апокалиптични, куќите се во кал, а од некои се гледа само покривот низ расквасената земја.
Од 40 евакуирани куќи исчистени се 12 и во нив се вели дека може да се вратат жителите. Останатите 28 куќи се уште се недостапни заради големите наноси од кал до нив и во нив. Во расчистувањето е вклучена и војската, која е задолжена за расчистување на куќите од калта пред таа да се исуши и стврдне. Според армијата, расчистувањето ќе трае најмалку две недели.
Реката во местото Краа „се врати“ во коритото, а на ред е расчистување на магистралниот пат. ПОкраинските власти донесе одлука за пакет мерки за помош на граѓаните.
Висината на штетата се уште не е утврдена. Осигурителните компании преземаат само мал дел од трошоците бидејќи се работи за природна катастрофа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.