| четврток, 6 декември 2018 |

Москва негира дека загинал возачот на Путин

 

-Автомобилот Бе Ем Ве кој што припаѓа на Советот на федерацијата ко користеше сенатор од Вологдската областа, Јуриј Воробјев, но тој не бил во автомобилот при несреќата, објавуваат руските медиуми, за сообраќајната несреќа на службено возило во која загина возачот за кој западните медиуми пренесоа дека е возачот на Путин.

Од Кремљ нема информации за оваа несреќа, полицијата го истражува случајот, а булеварот бил затрворен неколку часови што предизвикало голем сообраќаен метеж.

Според Елена Крилова, шефица на возниот парк на Советот на Федерацијата, посочува дека загинатиот 40 годишен возач во својата работа возел различни министри, луѓе од претседателската администрација и пратеници од државната Дума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top