| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Трајко Вељаноски и Карло Ромео: Македонија и Италија споделуваат заеднички важни врски

trajko veljanoski

Македонија и Италија споделуваат заеднички важни врски, оценија претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и Карло Ромео, новоименуваниот италјански амбасадор во Македонија на денешната средба во Скопје.

На средбата, информираат од собраниската прес-служба, се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија, важните предизвици со кои се соочува и идните аспирации.

Италијанскиот амбасадор Ромео потенцирал дека неговата земја е голем поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон евро-атлантските интегративни процеси.

Вељаноски, пак, го информирал амбасадорот за своите две посети во Рим кои беа остварени во текот на оваа година, а беа по повод одбележувањето на празникот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.

Двајцата соговорници разговараа и за предизвиците со кои се соочуваат двете земји во поглед на мигрантската криза. На средбата, исто така, се разговараше за можна идна соработка во повеќе области.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top