Поради огромниот пораст со тргувањето со сексуални услуги и “услуги” од девици кои некои имаат и под десет години, колумбискиот град Меделин е познат како најголемиот бордел на светот. Градот во моментов е во рацете на „La Oficine“ или Канцеларијата, една од најголемите криминални организации во историјата на Колумбија, која освен проституција се занимава и со дрога и со трговија на луѓе.
Меделин е во центарот на вниманието откако на Нетфликс почна да се прикажува серијата Наркос, која го прати подемот и падот на Пабло Ескобар, чија втора сезона почна да се прикажува минатата недела.
– Еден Колумбиец ми рече дека ако над Меделин би се ставил покрив, градот би станал најголемиот бордел на светот, вели Гиљермо Галдос, дописник за британскиот Канал 4 од Јужна Америка.
Новинарот разговарал и со една од девојките кои работат на улиците на Меделин, каде проституцијата е легална, но законска за девојки над 18 години.
– Тука доаѓаат Кинези, Бразилци, Европејци…странци доаѓаат од сите страни на светот, секакви луѓе со различни барања, раскажала 16 годишната Дениела која се бави со проституција од својата 11 година.
– Многумина бараат малолетна девојка, а потоа и многу од неа. Има и клиенти кои не сакаат девојки од по 16-17 години. Повеќе ги сакаат помладите, вели таа.
Гладос разговарал и со жена, жителка на Меделин, на која членови на една банда и рекле дека нејзината ќерка е пикирана како потенцијална девици за продажба.
– Ми рекоа дека мојата ќерка е кандидат и дека веројатноста дека ќе ја одведат е голема, изјавила Марија.
Таа објаснила дека ништо од тоа не и кажала на својата ќерка за таа да не се уплаши, но секогаш ја предупредува дека треба да биде внимателна и да не прима пари од луѓе кои не ги познава, но и да вришти ако некој се обиде да ја грабне.
На интернет кружат и снимки на кои можат да се видат двајца припадници на „La Oficine“ како за 10 минути „обработуваат“ 14 годишно девојче.
Снимката прикажува како двајцата мажи им приоѓаат на две тинејџерки и разговараат со нив пред да им ги побараат телефонските броеви.
– Не интересираат само ако се невини. Такви девојчиња ни бараат клиентите, нагласил едниот од нив.
Гладос го посетил и затоворот во кој Пол Брисфорд, единствениот британец осуден за секс со дете во Колумбија, служи казна од 20 години.
Тој бил уапсен во 2011 година во хотелска соба, а како докази имало и фотографии од него со девојчето со кое бил. Како што вели новинарот, тој не покажувал никакви знаци на каење и упорно тврдел дека е невин и дека немал никаква идеја дека девојчето било малолетно.
Градската управа на Меделин ја осудила репортажата на Гладос во која вели дека е најголем бордел на ссветот.
– Ние не ги минимализираме проблемите со кои се соочуваме, но одбиваме пристрасно известување во кое Меделин се стигматизира, напишал на Твитер градоначалникот на градот Анибал Гаврил.
Канал 4 објавил дека по прикажувањето на нивната репортажа за Меделин, имало неколку полициски рации во кои повеќе деца биле спасени од сексуално мелтретирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.