Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на петелот – петел со ангел“, и „Година на петелот – ветроказ со петел“. Кованата пара „Година на петелот – петел со ангел“ ги има следниве карактеристики:
На аверсот, во центарот на кованата пара се претставени грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во центарот на кованата пара е прикажана слика на ангел во боја кој седи во запрежна кола влечена од петел. Ангелот е опкружен со цвеќе. Под и над централниот дел на сликата е прикажан цветен орнамент. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.
Кованата пара „Година на петелот – ветроказ со петел“ ги има следниве карактеристики:
На аверсот, во центарот на кованата пара се претставени грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во центарот на кованата пара е претставена слика на петел во боја, во облик на ветроказ, со сонце во заднината. Под петелот е прикажана годината на петелот – „2017“. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.
Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто 26,16 г, и во кружна форма со димензија 38,61 мм.
Цената на кованите пари „Година на петелот – петел со ангел“ и „Година на петелот – ветроказ со петел“ изнесува 3.500 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст