Првата недела во септември спаѓа во варовни денови. Станува збор за стар обичај на почитување на денот во неделата во кој паѓа големиот празник Отсекување на главата на Св. Јован (кој се слави на 11 септември)
На денешен ден посебно се почитуваат народните лекари, берачи на лековити билки и лица кои се занимаваат со баење зошто се верува дека имаат големи моќи во варовните денови.
Исто тaка денеска не треба да се почнува никаква работа, зошто народот вели се што е заполната во варновни денови нема да биде среќно. Исто така народот верува дека така може да се навлече несреќа,малер па ниту една работа во текот на годината да не им појде од рака.
Оваа варовна недела спаѓа во времето на Меѓудневицата, период меѓу Големата и Малата Богородица. Ако верувате во овие обичаи, денеска е вистинско време да отидете во шума и да наберете повеќе билки, а вашиот дом не треба да остане без ајдучка трева, цветови од липа, дрен, шипка, оскоруши и мали зелени лубеници.
Се смета дека овие билки ќе донесат среќа во секое семејство, а тие и се народни лекови за лекување на многу болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Верувања за Митровден: Ако синоќа не сте спиеле дома, цела година ќе…
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…