| четврток, 6 декември 2018 |

Летување од пеколот: Хана за малку ќе ослепела по труење со алкохол на Закинтос

zakintos noken zivor

Млада Британка завршила во болница за време на нејзиното летување на грчкиот остров Закинтос, откако и откажале бубрезите и речиси целосно ослепела поради коктелот во кој имало алкохол со сомнително потекло, наведуваат грчки и британски медиуми.

Дваесетгодишната Хана Пауел се онесвестила пред седум дена, по што итно била примена во болница со силни болки во стомакот и многу слаб вид, пишува „Дејли мејл“, а нејзините родители итно долетале од Британија на островот за да бидат покрај својата ќерка.

Грчките новинари тврдат дека Хана претрпела труење со метанол, што довело до делумно слепило. Исто така, британските медиуми сметаат дека девојката се отрула откако испила алкохол со сомнително потекло, кој, како што се наведува, често се става во пијалаците на летувалиштата на Медитеранот за да се заштеди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top