| четврток, 6 декември 2018 |

Како Џесика Алба има совршена линија и тен?

Познатата актерка Џесика Алба обожава во својата исхрана да воведува здрави оброци, така што го откри рецептот за нејзината салата што, како што вели, е одговорна за здравиот изглед на кожата и витката линија.

Поголемиот дел од салатата се состои од изрендан морков, што е богат со бета-каротен кој што во телото се претвара во витамин А и помага при регенерација на кожата и пружа заштита од сончевите зраци.

Состојки:

  • 2-3 изрендани моркови
  • 1 авокадо
  • 1 рака шери домати
  • Сок од лимон
  • Маслиново масло
  • Подготовка:

    Изрендајте го морковот, шери доматите исечете ги на половина, а авокадото на парчиња. Се заедно промешајте и зачинете со сок од лимон и маслиново масло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top