Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, изјави дека поплавите во неговата држава во август предизвикале штети за над 8,7 милијарди долари и дека сумата ќе се зголемува бидејќи се уште трае проценката за разурнувањата на патиштата и другата јавна инфраструктура, пренесоа американските медиуми.
Канцеларијата на гувернерот вчера лиферуваше писмо кое тој му го испратил на претседателот Барак Обама, а во кое од Конгресот бара овој месец за Луизијана да се одобри федерална помош од две милијарди долари за обнова на станбените згради, економските објекти и инфраструктурата.
На 12 август бура ја зафати државата и ги донесе најголемите поплави во САД по супербурата Синди, која во 2012 година го удри американсото источно крајбрежје.
Едвардс вели дека од сегашната стихија настрадале повеќе од 55.000 куќи. Лошото е што дури 80 проценти од сопствениците на куќите немаат осигурување и повеќето се луѓе со ниски и умерени примања, а 20 проценти се кираџии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.