Последната презентација на смислата за хумор на францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“ никому не му се допадна. На насловната страница на весникот е објавен цртеж на кој жртвите од земјотресот во Италија се претставени како лазањи.
Стрипот е за текст кој се однесува на уништениот град Аматриче.
Инспирацијата за овој морбиден стрип потекнува од фактот дека Аматриче е познат по специјалитетот спагети ал’аматрикана, кои се приготвуваат со сос од домати и шунка.
На сликата се претставени повредени маж и жена застанати пред куп шут, од кој се гледаат нозе. Мажот, жената и купот се наречени по вид јадење со тестенини, а сите заедно преставуваат „Земјотрес на италијански начин“.
Стрипот кружи на социјалните мрежи и наиде на силни критики, а за него со осуда пишуваат и италијанските весници.
Ова не е првпат „Шарли ебдо“ да го навлече гневот на корисниците на социјалните мрежи и пошироко со својата смисла за хумор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.