| четврток, 6 декември 2018 |

Маж се бори за живот, со возилото завршил во канал

На регионалниот пат Прилеп – Демир Хисар, пред село Галичани, вчера во 14.30 часот се случила сообраќајна незгода во која Д.Г. (60) од Прилеп, управувајќи трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, загубил контрола и излетал во канал.

Во незгодата Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Градската болница Прилеп, поради сериозноста на повредите (загрозувачки по живот), како итен случај бил префрлен во Ургентен центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од полициска станица Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top